Hyundai и KIA добиваат нова глобална модуларна платформа со опсег до 500 километри – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai и KIA добиваат нова глобална модуларна платформа со опсег до 500 километри

Групацијата Hyundai Motor ја претстави новата електрична глобална модуларна платформа, на која ќе бидат базирани цела гама на електрични возила од Hyundai и Kia.

Модуларната платформа ќе биде користена кај повеќето сегменти на возила, вклучувајќи седани и кросовери и е развиена да нуди одлично управување во свиоци и стабилност при високи брзини.

Составена е од задна суспенција со пет врски и прва во светот добива интегрирана оска, која ги комбинира лежиштата на тркалата со погонското вратило, со цел да испорачува сила кон тркалата, додека истовремено ја подобрува комоцијата на возење и стабилноста во свиоци.

Батериите се монтирани помеѓу предната и задната оска и имаат најгусто складирана енергија од сите пакети со батерии кои групацијата ги има произведено. Платформата E-GMP има главно заден погон, што значи дека идните возила кои ќе ја користат ќе бидат понудени со заден и погон на сите тркала.

Системот за погон на сите тркала ќе вклучува и електричен исклучувач, кој ќе може да ја контролира конекцијата помеѓу дополнителниот мотор и предните тркала, а исто така ќе може да направи промена помежу режимите за возење на задните или сите тркала, со што ќе ја подобри потрошувачката и ќе овозможи идеални перформанси во зависност од условите на возење.

Во стандардна изведба, новата E-GMP платформа нуди можност за полнење од 800 волти, и истовремено е способна за полнење на 400 волти без потреба од дополнителни компоненти или адаптери. Исто така поддржува брзини на полнење до 350 киловат-часа, а електрично возило базирано на оваа платформа може да има опсег до 500 километри според WLTP циклусот. Полнењето на батеријата до 80 проценти би траело само 18 минути.

Новата платформа на Hyundai ќе има и функција за да испрати дел од електричната енергија на друга опрема од 110 и 220 волти или да наполни друго електрично возило.

Поврзано:   Hyundai го освежи електричниот Ioniq 5

На оваа архитектура ќе бидат базирани дури 23 електрифицирани модели на групацијата Hyundai, вклучувајќи 11 целосно-електрични возила. Најпрво ќе биде користена кај новиот Ioniq 5, кој ќе биде претставен следната година, како и иден електричен модел од Kia, кој исто така ќе биде откриен идната година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.