Екстра понуда за Fiat Tipo Sedan! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Екстра понуда за Fiat Tipo Sedan!

Fiat Македонија подготви специјална понуда за Fiat Tipo Sedan со одлична цена од 10.990 евра. Станува збор за лимитирана понуда за возила на лагер, кои се достапни за испорака веднаш.


Од Аутомобиле СК, ексклузивниот увозник на Fiat во Македонија информираат дека овозможуваат и специјални услови за финансирање, на кредит со 0% учество и 5% фиксна каматна стапка или лизинг со бескаматно одложено плаќање на првата рата до 6 месеци.

Fiat Tipo Sedan е лимузина дизајнирана и направена според потребите на клиентите. Важи за просторен, комфорен автомобил со најголем 520 литарски багажник во класата. Актуелната понуда се однесува за верзијата Fiat Tipo Sedan 1.4, со Euro 6 норматив на издувни гасови по цена за 679.182 денари или 10.990 евра, со мануелен клима-уред, 6 воздушни перничиња, ретровизори во боја на каросерија, пакет комфор ( преден наслон за рака + висинска регулација на возачко седиште), електричен пакет, радио команди на управувач…

Кликнете тука за да ги погледнете сите детали за актуелната екстра понуда за Fiat Tipo Sedan.

Извор: PR Fiat



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.