Карлос Таварес: „Ќе преживеат само оние со Дарвиновски дух“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Карлос Таварес: „Ќе преживеат само оние со Дарвиновски дух“

Претседателот на PSA – Carlos Tavares – кажа дека ќе има уште трансформации во автомобилскиот сектор, и дека француската групација веќе не инвестира во развој на конвенционални мотори со внатрешно согорување.

На Reuters Automotive Summit телеконференцијата, челникот на PSA Group изјави дека очекува дополнителна консолидација во авто-индустријата, бидејќи производителите инвестираат огромни суми во развојот и производството на електричните возила. Тој дури предвиде дека некои брендови нема да ја преживеат следната декада.

„Само оние најагилните, кои имаат Дарвиновски дух ќе преживеат“ изјави Tavares, и додаде дека PSA веќе не инвестира во развој на конвенционални мотори со внатрешно согорување, следејќи ги насоките во Европа и Кина каде има сè поголем притисок за поеколошки возила.

Истовремено, Tavares додаде дека PSA не само што ги исполнува CO2 таргетите на Европската Унија, туку и ги надминува. Ова кажува дека PSA Group во моментов е еден од најподготвените производители и дека огромните инвестиции кои групацијата ги направи во развој на плаг-ин хибридни и електрични возила веќе ги носат придобивките.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.