Новиот Civic пристигнува следната година, Honda го прикажа скоро-готовиот „прототип“ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Civic пристигнува следната година, Honda го прикажа скоро-готовиот „прототип“

„Прототипот“ кој го покажа Honda е всушност скоро 99% идентичен со финалниот автомобил – кој според најавите ќе дебитира следната година – но не знаеме во која форма ќе пристигне во Европа.

Новиот Civic ја продолжува филозофијата на сегашниот модел – нагласени спортски линии и широк и доминантен став. Според она кое ни го кажуваат од Honda, овој прототип е најава за Civic во седан изведба, кој ќе биде лансиран на почетокот на следната година, а понатаму ќе следи и хечбек изведбата, како и налудничавиот Civic Type R.

Сепак, сега за сега не знаеме во која изведба Honda ќе го понуди Civic во Европа. Неизбежно е да го добиеме хечбекот, бидејќи токму тој модел е најпопуларен меѓу европските купувачи, но несигурно е дали ќе го добиеме токму Civic во седан изведба – едноставно, оваа изведба на тековната генерација не најде премногу фанови меѓу купувачите.

Без разлика, новиот Civic изгледа навистина интересно – се забележува дека дизајнот е „почист“ и со помалку непотребни детали, и дека е посветено внимание на наглaсување на динамичните пропорции. Да, ова е прототип – но вака ќе изгледа Civic Sedan следната година.

Сега за сега немаме никакви информации ни околу погонските единици со кои би се нудел Civic во Европа. Сепак, Honda најави дека сака целата гама на модели да биде електрифицирана од 2022, па тоа значи дека најверојатно и новиот Civic ќе се нуди исклучиво како хибрид – нешто како новиот Jazz. Останува да видиме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.