Mercedes-AMG GLA и CLA 35 пристигнаа во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG GLA и CLA 35 пристигнаа во Македонија!

AMG-изведбите на новите GLA и CLA – кои имаат по 306 коњски сили – пристигнаа во салонот на Mercedes-Benz.

Обата автомобили всушност се „варијација на тема“ и ја делат платформата со новата A-Class на германскиот луксузен бренд. GLA е компактен кросовер, додека CLA е компактно купе со четири врати и динамични форми и линии. Дизајнот на двата автомобили е заострен, со истакнати AMG детали – како на пример подлабоките и поостри браници и странични прагови, големите тркала и истакнатите задни спојлери.

И во двата автомобили се вградува 2-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри, кој испорачува 306 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Mercedes-AMG CLA 35 забрзува до 100 километри на час за 4.9 секунди, додека на кросоверот му се потребни 5.1 секунда, а двата автомобили имаат електронски-ограничена максимална брзина од 250 километри на час. Во двата случаи силата се пренесува кон сите четири тркала преку автоматски менувач и 4Matic погон со AMG нагодување.

Во двата автомобили се вградува новиот MBUX инфозабавен систем на Mercedes-Benz кој користи два големи екрани за прикажување и контролирање. MBUX со себе ги носи сите технологии на германскиот бренд, вклучувајќи и гласовни контроли. За повеќе информации, посетете го салонот на Mercedes-Benz.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.