Вечерно Кино: Grand Tour најавуваат нова авантура на Мадагаскар! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Grand Tour најавуваат нова авантура на Мадагаскар!

Најпопуларното трио од автомобилски новинари најавува ново патешествие на егзотичниот остров Мадагаскар.

По речиси едногодишното отсуство од екраните, Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј се враќаат со нова епизода, исполнета со интересни возила, комични ситуации и необични модификации.

Во најновото видео кое ќе дебитира на 18ти Декември, тие ќе патуваат низ најразлични терени и ќе се соочуваат со возбудливи предизвици позади воланите на Ford Focus RS, Caterham 7 и Bentley Continental GT.

Погледнете ја најавата и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.