ПРЕМИЕРА: Ferrari SF90 Spider доаѓа со отворен кров и 1000 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ferrari SF90 Spider доаѓа со отворен кров и 1000 коњски сили!

Италијанскиот бренд го претстави новиот SF90 Spider – кабриолет варијантата од plug-in хибридниот SF90 Stradale.

Новиот SF90 Spider е погонуван од истата хибридна конфигурација како моделот со фиксен кров, што значи дека доаѓа со 1000 коњски сили и 900 Nm вртежен момент.

Овие бројки ги произведува твин-турбо V8 со 780 коњски сили, усогласен со осум-степен менувач со двојна спојка, во комбинација со три електрични мотори кои испорачуваат дополнителни 220 коњски сили. Тие погонуваат различни оски, што го прави SF90 Spider да има погон на сите тркала.

Според Ferrari, SF90 Spider има идентични перформанси со Stradale изведбата, па забрзува од 0-100 км/ч за 2.5 секунди, од 0-200 км/ч за неверојатни 7 секунди, додека максималната брзина изнесува 340 км/ч.

Претворањето на SF90 во кабриолет доаѓа со 100 килограми поголема тежина, како последица на неопходните зајакнувања на шасијата и кровниот механизан, со што новиот Spider има тежина од 1670 килограми.

Најновиот склопувачки тврд покрив на Ferrari одзема само 100 литри простор кога е склопен и е за 40 килограми полесен од стандарден кров од овој тип, благодарение на неговата алуминиумска конструкција. Исто така доаѓа со прилагодлив заден прозорец и се отвора или затвора за само 14 секунди.

За разлика од Stradale, кабината е поместена понапред, а кровот е наместен пониско за 20 милиметри, додека А-столбовите се потенки.

Ентериерот останува ист, што значи дека тука е 16-инчниот заоблен дигитален инструмент панел со висока резолуција. Не се изоставени ни хедап дисплејот, како и најновите команди на допир на воланот и централната конзола.

Ferrari го нуди и опционалниот Assetto Fiorano пакет за SF90 Spider, кој содржи сет од Multimatic амортизери оптимизирани за користење на тркачки патеки, олеснување на автомобилот за 21 килограм, карбонски заден спојлер и Michelin Pilot Sport Cup 2 пневматици. Купувачите ќе можат да го добијат SF90 Spider Assetto Fiorano со двобојна каросерија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.