904 Living Legend е уште еден концепт кој бил чуван во тајност и ја претставува визијата на Porsche за ултра-лесен спортски автомобил.
Направен во 2013 година како модел со реална големина, дизајнот на 904 Living Legend е инспиран од историскиот модел 904 Carrera GTS од 1960-те, но усовршен во модерно пакување.
Базиран е на екстремно штедливиот Volkswagen XL1, кој беше пуштен во продажба како ограничена серија во 2014 година. Porsche ја „презема“ неговата карбонска монокок шасија и со креирање на формата над неа заклучиле дека заслужува да го носи името 904.
Срцето на овој концепт е најнеобичниот агрегат за производителот на спортски автомобили. Наместо четири-цилиндарски во ред, шест-цилиндарски боксер или V8 мотор, 904 Living Legend користи V2 агрегат преземен од моторцикл.
Поточно тоа е 1.2-литарскиот агрегат од Ducati 1199 Superleggera, кој произведува 200 коњски сили и има опсег на работа до „врискачки“ 12,000 вртежи во минута.
Porsche не објави информации за перформансите на концептот, но моделот Volkswagen XL Sport кој ги носи истиот агрегат и шасија забрзуваше од 0-100 км/ч за 5.7 секунди и имаше максимална брзина од 270 км/ч.