Porsche Vision Renndienst e концепт за спортски електричен миниван – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche Vision Renndienst e концепт за спортски електричен миниван

Концептот Vision Renndienst прикажува како карактерот на Porsche може да се примени и на возила од сегменти кои се необични за брендот.

Кој би рекол дека еден реномиран производител на супер спортски автомобили како Porsche тајно развивале електричен миниван? Со објавувањето на тајните концепти, откриен е таков примерок.

Vision Renndienst e креиран во 2018 година, како футуристички „вселенски брод“ кој влече инспирација од култниот VW Van. Изгледа навистина необично со неговите слеани површини, динамична линија на ветробранското и страничните стакла, како и огромните странични прагови.

Напред се забележуваат минималистички светла, спортско лице и долг закосек кров. Возилото е поставено на уникатни алуминиумски фелни со пет краци, а позади се наоѓа класичната светлечка лента на Porsche, која хоризонтално се протега од еден до друг крај.

Германскиот бренд не објави фотографии од ентериерот, но Vision Renndienst има централно седиште за возачот и модуларна кабина која може да смести до пет патници.

Бидејќи миниванот е електричен и сите компоненти на погонот се сместени под подот, компанијата вели дека патниците добиваат многу простор. Дали е ова вистинското, градско Porsche?

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.