Porsche 919 Street е LeMans тркачки автомобил во цивилен костум – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 919 Street е LeMans тркачки автомобил во цивилен костум

Porsche претстави цела гама на концепти кои досега биле чувани во тајност, а еден од нив е и хиперавтомобилот 919 Street.

Создаден во 2017, спектакуларниот хиперавтомобил ја користи истата карбонска монокок шасија и хибридната конфигурација од 900 кс како LMP1 тркачкиот автомобил, од кого ги наследи пропорциите и меѓуоскиното растојание.

Откривањето на 919 Street се поклопува со 20 годишнината на Carrera GT, што делува чудно бидејќи овој модел од глина не бил претворен во сериски модел, иако делува комплетно завршен.

Што се однесува до неговиот дизајн, очигледно е дека 919 Street е директно инспириран од тркачкиот автомобил. Од заобленото ветробранско стакло и малите прозорци до централната перка и набабрените крила на тркалата, навистина изгледа како LMP1 наменет за патиштата.

Тркалата и предните светла се исто така специјално дизајнирани според оние на 919 Hybrid.

Задниот дел се одвојува од дизајнот на тркачкиот модел, така што го изоставува големиот спојлер, но добива LED светлечка лента во целата ширина – слично како кај останатите сериски модели од гамата.

Издувните цевки кои излегуваат нагоре се потсетник на 918 Spyder, а задниот дифузер е можеби најголемиот дифузер вграден на автомобил наменет за возење на патиштата.

Видливоста кон назад е ограничена бидејќи нема заден прозорец, па веројатно било замислено тоа да се изведе со камери. Како што доликува на еден хиперавтомобил, така и во Porsche 919 Street вратите се отвараат нагоре.

Иако нема планови за негово производство, Германскиот производител го замислил хиперавтомобилот да ја користи истата хибридна погонска единица како тркачкиот модел, кој има 2.0-литарски V4 агрегат со систем за регенерација на енергијата.

Доколку сакате да го видите 919 Street во живо, Porsche ќе го изложи во нивниот музеј во Штутгарт во 2021 година.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Новиот Taycan забрзува побрзо од сите модели на Porsche во историјата


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.