Во салонот на Jeep Македонија пристигна плаг-ин хибридниот Compass 4xe! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Jeep Македонија пристигна плаг-ин хибридниот Compass 4xe!

Плаг-ин хибридната изведба на супер-успешниот Compass е веќе изложена во салонот на Jeep во Скопје.

Jeep неодамна подготви вистинско технолошко освежување за Compass. Популарниот SUV на Jeep сега се произведува во Италија, а во него се вградуваат најновите генерации на супер-ефикасните и еколошки турбо-бензински и турбодизел мотори на FCA.

Compass сега може да се добие со нов 1.3-литарски турбо-бензинец кој доаѓа на место на постоечкиот 1.4-литарски турбо-бензинец. Новиот мотор ги исполнува Euro 6D II стандардите и може да се добие со 130 или 150 коњски сили, а испорачува максимален вртежен момент од 270 Nm вртежен момент. Дополнително, за купувачите во Европа е достапна и најновата верзија на 1.6-литарскиот MultiJet II турбодизел кој нуди 120 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Во зависност од изведбата, Jeep Compass ќе доаѓа со мануелен менувач, или пак нов DCT автоматски менувач со двојна спојка и Sport режим на работење.

Но сепак, најинтересната изведба е токму плаг-ин хибридната верзија која ја носи ознаката 4xe и која од денес веќе може да се проба во салонот на Jeep. Плаг-ин хибридниот Compass комбинира 1.3-литарски турбо-бензинец со електромотор, кој е задолжен за придвижување на задната оска. Хибридот може да се добие во две изведби – едната со 190, другата со одлични 240 коњски сили, а истовремено обете верзии ветуваат одлични перформанси и врвна економичност.

Послабиот модел забрзува до 100 километри на час за 7.9 секунди и постигнува максимални 183 километри на час, додека на помоќниот му требаат 7.3 секунди „до стотка“ и постигнува максимални 200 километри на час. Потрошувачката е екстремно ниски 2.1, односно 2.2 литри бензин на 100 километри.

Поврзано:   ТЕСТ: Jeep Avenger 1.2 T3 100 MT6 Altitude - Градски фраер!

Новиот Compass 4xе е веќе изложен во салонот на Jeep, а ние наскоро ќе имаме можност одблиску да го запознаеме и ќе ги пренесеме и нашите впечатоци од плаг-ин хибридниот SUV.

Во меѓувреме, за повеќе информации посетете го салонот на Jeep Македонија, или пак официјалната веб-страница на Jeep.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.