Германскиот производител го создаде концептот RS6 GTO за да оддаде почит кон 40-тиот роденден на спортската дивизија Quattro.
Препознатлива и именувана според погонот на сите четири тркала, дивизијата Quattro создаде модели кои постигнаа големи успеси на тркачките и рели патеките низ светот.
RS6 GTO Concept е директно испириран од историскиот тркачки автомобил Audi 90 quattro IMSA GTO од 1989 година, и се одликува со повеќе елементи кои потсетуваат на него.
Како најзабележливи елементи се истакнуваат уникатните тркала во „затворен“ стил, шарите во црвена, сива и црвена боја, новите браници и странични прагови, кои се додадени на проширената каросерија.
На задниот дел можеме да видиме масивен заден спојлер и дифузер, редизајниран поклопец на моторот, а концептот е поставен и на пониска суспензија.
Кабината е речиси подготвена за на тркачка патека благодарение на тркачките карбонски Recaro седишта и заштиниот безбедносен кафез.