Jeep го освежи Compass и го пресели производството во Италија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep го освежи Compass и го пресели производството во Италија!

Популарниот Compass добива значително технолошко освежување – и за европските пазари ќе се произведува во фабриката на FCA во Мелфи, Италија.

Jeep Compass е еден од најпопуларните модели на Jeep, бидејќи успешно го пренесува американскиот дизајн во пакување кое повеќе одговара на европските купувачи и трендови (ние го возевме Compass минатата година, нашиот тест можете да го погледнете тука). Токму затоа, Jeep го пресели производството за европските пазари од фабриката во Толука во Мексико, во фабриката на FCA во Мелфи, Италија. Со овој потег, FCA ќе го произведува Jeep во „домашна околина“ а времето за испорака ќе се скрати за околу три седмици.

Меѓу најзначајните новитети кај освежениот Compass е новиот 1.3-литарски турбо-бензинец кој доаѓа на место на постоечкиот 1.4-литарски турбо-бензинец. Новиот мотор ги исполнува Euro 6D II стандардите и може да се добие со 130 или 150 коњски сили, а испорачува максимален вртежен момент од 270 Nm вртежен момент. Дополнително, за купувачите во Европа ќе биде достапна и најновата верзија на 1.6-литарскиот MultiJet II турбодизел кој нуди 120 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Во зависност од изведбата, Jeep Compass ќе доаѓа со мануелен менувач, или пак нов DCT автоматски менувач со двојна спојка и Sport режим на работење.

Но ако се прашуваме ние, вистинскиот избор за Compass е една од плаг-ин хибридните изведби на Compass 4xe – плаг-ин хибридот комбинира 1.3-литарски турбо-бензинец со електромотор кој е задолжен за придвижување на задната оска. Хибридот може да се добие во две изведби – едната со 190, другата со одлични 240 коњски сили, а истовремено обете верзии ветуваат одлични перформанси и врвна економичност.

Освежениот Compass добива и надградена суспензија, како и подобрено управување. Од Jeep кажуваат дека ова ќе резултира со подобрена динамичност, како и зголемен комфор, бидејќи надградената суспензија со Frequency Selective Damping вентили во амортизерите ќе го намали навалувањето во свиоци кај освежениот SUV. Jeep Compass добива и нови Uconnect услуги на 7 или 8.4-инчниот мултимедијалн уред, а добива и надградени системи за активна безбедност.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Jeep Avenger 4xe e хибриден SUV со погон на сите четири тркала

Покрај многуте механички освежувања, Compass добива и дискретни – но сепак значителни – визуелни освежувања. Достапни се шест нови дизајни на алуминиумските тркала, како и пет нови бои за екстериерот. Според најавеното, освежениот Compass ќе биде достапен веќе од крајот на овој месец, додека плаг-ин хибридните верзии ќе бидат пуштени во продажба во втората половина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.