Fiat подготви освежување за Tipo и ја претстави и новата Cross изведба. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat подготви освежување за Tipo и ја претстави и новата Cross изведба.

Fiat ја претстави обновената гама на Tipo – која добива помодерен изглед, понапредни технологии и нова, трендовска Cross изведба.

Однадвор, редизајнираниот Tipo се ќе го препознаеме преку помодерната решетка на која е поставена нова FIAT ознака,обновените LED светлосни групи, како и изменетиот преден браник и хромирани детали. Профилот е непроменет, но на задниот дел препознаваме нови LED задни светла и редизајниран браник, а приказната ја заокружуваме со нови 16 и 17-инчни тркала, како и нови бои.

Во внатрешноста, моделот добива нов 7-инчен дигитален иструмент панел и 10.25-инчен UConnect 5 мултимедијален систем, а возачите ќе пронајдат и изменета рачка на менувачот и нов управувач.

Најголемата новост е додавањето на новата Cross изведба во гамата. Таа е базирана на моделот со пет врати и доаѓа со кросоверски додатоци на екстериерот – пластични заштитни елементи околу крилата, страничните прагови и долните делови од браниците, а тука се и „помесести“ пневматици. Покрај сето тоа, автомобилот е опремен и со нова суспензија, која ја зголемува висината на возење за околу 4 сантиметри.

На палетата на мотори се приклучува нов 1-литарски три-цилиндарски бензински агрегат со 100 кс и 190 Nm вртежен момент. Тој е назначен како директен наследник на актуелниот 1.4-литарски агрегат кој произведува 95 кс и 127 Nm вртежен момент. Според Fiat, покрај подобрите перформанси, помалиот мотор може да се пофали и со значително помала потрошувачка на гориво и емисија на издувни гасови.

Во дизелската гама, тука е обновен 1.6-литарски Multijet агрегат кој сега испорачува 130 кс, што е за 10 кс повеќе од сегашниот. За оние кои сакаат поштедлива варијанта, во понуда е и изведба со 95 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.