Mazda нуди резервни делови за првата генерација на MX-5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mazda нуди резервни делови за првата генерација на MX-5

Јапонскиот производител објави дека купувачите на првата генерација на моделот MX-5 во Европа сега ќе можат да нарачаат оргинални резервни делови за нивниот миленик.

Mazda се консултираше со дистрибутери и фан клубови низ Европа со цел да може да ги понуди најбараните делови за легендарниот модел. Овие резервни делови ќе бидат произведени во Јапонија со користење на модерни методи и ќе бидат од материјали од врвен квалитет и ќе го задржат изгледот на оргиналниот дел.

Официјалната гама на делови за првата генерација на MX-5 содржи и новоразвиен мек покрив со истиот материјал како оргиналната верзија. За производство на стандардните алуминиумски тркала е задолжена компанијата Enkei, која ќе ги прави со истиот дизајн, но помала тежина и поголема цврстина.

Листата содржи и голем број на резервни елементи за ентериерот, механички компоненти, како и помали завртки.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.