full screen background image
Search

Бензините повторно поевтинуваат за половина денар.

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи максималните цени на бензините да ги намали за половина денар, но цената на дизелот повторно останува непроменета.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.39%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по половина денар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 58.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 60.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел и понатаму ќе чини 50.50 денари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.