Lexus продаде милион автомобили во Европа! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus продаде милион автомобили во Европа!

Луксузниот бренд на Toyota се пофали дека од претставувањето на брендот на европскиот пазар во 1990-тата година успеа на стариот континент да продаде еден милион автомобили.

На Lexus му беа потребни дури 30 години да продаде еден милион автомобили во Европа. Приказната започна во 1990-тата година со LS 400, од кој во првата година беа продадени 1158 автомобили. Од Lexus се горди на скромните почетоци, кои сигнализираа трансформација во сегментот, а LS помогна да се постават нови стандарди во однос на перформансите, ефикасноста и опременоста.

Најпродаван модел на Lexus е големиот RX. Токму RX беше првиот хибриден луксузен SUV, и од него се продадени 289.284 примероци. Второто место оди кај IS со 202.210 примероци, а на третото место е NX со 155.366 примероци. Најексклузивен во однос на продажбата е супер-автомобилот LFA, од кој во Европа се продадени само 38 примероци.

Дополнително, од Lexus се особено горди на фактот дека скоро половина од продадените автомобили се хибриди, а годинава дури 96% од продадените автомобили во Европа се електрифицирани.

Честит јубилеј, Lexus!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.