MA-DE Studio создаде визија за модерен наследник на популарниот Fiat 126, кај нас познат под надимакот „Пеглица“.
Иако историскиот Fiat 500 се смета како најуспешен модел од гамата на Италијанскиот бренд, сепак малиот 126 беше уште попродаван и тоа во вкупно над 4.5 милиони примероци, во споредба со 3.8 милиони на моделот 500. За најголем дел од примероците беше заслужна Полската верзија 126p, која се произведуваше до 2000 година.
Сепак, во денешно време е тренд оживувањето на историски модели, па токму од таму им дошла идејата на MA-De Studio, за да создадат модерна верзија на Fiat 126. Нивната визија има слични пропорции како оргиналниот модел, но делува попрефинето и се одликува со поскладни линии, LED светла и поголеми тркала.
Малиот концепт изгледа навистина симпатично и би можел одлично да се вклопи во сегашната гама на Fiat како поефтина ретро алтернатива на моделот 500, но за жал нема никакви официјални информации за негова реинкарнација.