full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen го претстави поекстремниот Golf GTI Clubsport!

Volkswagen Golf GTI Clubsport добива 300 коњски сили и супер-напреден нов преден диференцијал!

VW ја проширува понудата на спортски модели со новиот Golf GTI Clubsport. Листата на надградби е голема, а започнува со ревидиран 2-литарски турбо-бензинец кој во оваа конфигурација испорачува 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент – 55 коњски сили и 30 Nm повеќе од „обичниот“ Golf GTI. Зголемената моќност не е добиена само „софтверски“ – Golf GTI Clubsport добива нов интеркулер, нов турбополнач (кој доаѓа од – верувале или не – Continental) како и нов софтвер.

Силата се пренесува кон предните тркала преку 7-брзински DSG менувач со двојна спојка и ревидирани односи, а Golf GTI Clubsport добива и нов VAQ електромеханички заклучувачки преден диференцијал кој го заменува XDS системот кој доаѓа кај стандардниот GTI. Овој напреден диференцијал овозможува прилагодување според режимот на возење и би требало да понуди уште подобра управливост. Ревидирана е и геометријата на автомобилот, како и суспензијата, а DCC системот за контрола на шасијата нуди специјален режим за возење на Nurburgring.

Секако, тука се и големите, 19-инчни тркала обвиени во спортски пневматици, како и нови, уште помоќни сопирачки. Визуелно, Golf GTI Clubsport ќе го препознаете преку новиот преден браник, големите тркала, задниот спојлер и декоративнит елементи.

Според Volkswagen, сето ова резултира со спринт до 100 километри на час кој трае „помалку од 6 секунди“ како и максимална брзина од 250 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.