Осумнаесет автомобилски новинари во Германија одлучија титулите во своите категории да ги освојат токму новите Volkswagen Golf и ID.3!
Жирито кое учествува во изборот за Германски Автомобил на Годината тестираше дури 72 автомобили во пет различни категории. Во категоријата Компактен Автомобил до 25.000 победата ја однесе Golf, а електричниот ID.3 победи во категоријата Премиум Автомобил до 50.000 Евра. Од жирито ги истакнаа како иновациите, така и еколошката прифатливост на двата автомобили.
Членовите на жирито се соsтанаа во Bad Dürkheim, мал град во германската покрина Rhineland-Palatinate, каде одбираа победници во пет различни категории – Компактни Автомобили со Основна Цена до 25.000 Евра, Премиум Модели со Основна Цена до 50.000 Евра, Луксузни Автомобили, Возила со Алтернативен Погон, како и Спортски Автомобили. Jens Meiers – еден од организаторите – изјави дека овогодинешниот избор бил навистина тежок заради силната конкуренција, но и поради пандемијата. Според него ваквиот тест е особено важен бидејќи веруваат дека автомобилите не само што се сè уште важни, туку се поважни од било кога.
Честитки до Volkswagen за двете победи!