Lancia Stratos замислена како модерен суперавтомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lancia Stratos замислена како модерен суперавтомобил

Дизајнерот Гиљерме Араухо создаде дизајнерска студија за наследник на легендарниот рели модел Lancia Stratos.

Италијанскиот бренд имаше легендарен успех на тркачките рели патеки во текот на 114 години долгата историја. Еден од најуспешните модели е токму малиот Stratos, кој е дизајниран од Марсело Гандини и изгледаше тотално поинаку од сите други автомобили кои што ги произведуваше Lancia во тоа време.

Моделот Stratos е првиот автомобил претставен откако Fiat ја презема компанијата во 1969 година, со што докажа дека сериозно сака да ја придружи Lancia како успешен бренд во својата групација.

Малиот суперавтомобил беше дизајниран со главна цел – да доминира на трките од светскиот рели шампионат и започна нова ера во мотоспортот како прв автомобил дизајниран специјално за рели. До ден денес, ниту еден друг производител нема освоено повеќе WRC конструкторски титули од Lancia, а три од десетте биле освоени со Stratos.

Бидејќи моделот Stratos остана во историјата, заедно со поголемиот дел од гамата на Lancia, во светот има многу фанови кои фантазираат за модерен наследник, а дизајнерот Гиљерме Араухо е еден од нив.

Неговата визија за идна генерација на Stratos е навистина спектакуларна и изгледа модерно и оргинално, а исто така се одликува со дизајнерски елементи кои влечат корени од историскиот модел.

Комбинирајќи мазни и остри форми со едноставни графики, концептот на Араухо е одличен подарок за 50 годишнината на Stratos Zero Concept оваа година. Покрај тоа е и тажен потсетник за тоа што пропуштаме со отсуството на Lancia.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.