full screen background image
Search

Jaguar XE добива лајт-хибриден систем во дизелската изведба

Покрај обновувањето на поголемиот XF, Jaguar исто така го освежи и моделот XE со нова хибридна погонска единица.

Хибридниот систем е составен од 2.0-литарски турбо-дизел, усогласен со стартер-генератор поставен на ременот на моторот кој ја собира енергијата при забавување и сопирање и ја складира во литиум-јонска батерија од 48 волти. Складираната енергија му помага на агрегатот при забрзување и за порафинирано работење на стоп/старт системот.

Силата на оваа погонска единица изнесува 204 кс, што е за 23 кс повеќе од агрегатот кој го заменува. Благодарение на тоа, моделот XE D200 забрзува од место до 100 км/ч за 7.3 секунди и конзумира просечно 4.8 литри на 100 километри.

Палетата на мотори вклучува и два бензински агрегати, од кои и двата се 2.0-литарски турбо-бензинци, но во две различни верзии од 250 и 300 кс.

Сите погонски единици, вклучувајќи ја и хибридната дизелска изведба, се опремени со осум-степена автоматска трансмисија. Jaguar нуди и погон на сите тркала како опција кај моделите D200 и P250, додека моделот P300 доаѓа со сериски вградена.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.