Во салонот на Jaguar Land Rover пристигна спектакуларниот, 450-коњски F-Type! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Jaguar Land Rover пристигна спектакуларниот, 450-коњски F-Type!

Jaguar F-Type P450 може да се пофали со 450 коњски сили благодарение на моќниот V8 – кои пак овозможуваат лансирање до 100 километри на час за 4.6 секунди и максимални 285 километри на час!

Jaguar неодамна го освежи F-Type – и темелно освежената генерација на британското спортско купе пристигна и кај нас. Освежувањата започнуваат со дизајнот кој е затегнат и на F-Type му дава значително подинамичен и поагресивен лик, а продолжува со освежените, моќни и ефикасни мотори, како и освежената кабина која добива нови технологии, нов мултимедијален уред со Android Auto и Apple Carplay поврзување, и многу повеќе.

F-Type може да се добие со неколку различни мотори, а примерокот кој е изложен во салонот во Скопје е F-Type P450 R-Dynamic со 5-литарски V8, погон на сите четири тркала и автоматски менувач. Моторот испорачува моќни 450 коњски сили и 580 Nm вртежен момент кои ги испорачува кон сите агли преку автоматски менувач со 8 степени и AWD систем за погон на сите четири тркала. Перформансите зборуваат за себе – лансирањето до 100 километри на час трае само 4.6 секунди, додека максималната брзина е 285 километри на час.

За повеќе информации, посетете го сајтот на Jaguar Македонија, или пак салонот на Jaguar Land Rover.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.