ПРЕМИЕРА: KIA го претстави динамичниот Stonic GT Line – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: KIA го претстави динамичниот Stonic GT Line

Новиот Stonic GT Line ги истакнува спортските елементи на субкомпактниот кросовер на KIA.

Фановите на KIA ќе уживаат во новиот Stonic GT Line – внатре и надвор доминираат GT Line деталите, а како и другите изведби во поставата на Stonic, новитетот исто така нуди можност за персонализација со нови двобојни надворешни опции.

Емилио Херера – главен оперативен директор на Kia Motors Europe – идјави дека „Stonic е голем успех за Kia во Европа уште од почетокот на продажбата во 2017 година. Во 2019 година, тој стана наш четврти најпродаван модел во Европа. Stonic е посакуван од помладата генерација, а новата GT Line изведба ги има најдобрите карактеристики, нудејќи дизајн инспириран од најмоќните автомобили во нашата постава. Очекуваме GT Line верзијата дополнително да ја подобри продажбата на Stonic“.

Надворешноста на Stonic GT Line е инспирирана од моќните GT модели на Kia. Ова се манифестира во нов дизајн на предниот и задниот браник. Предниот браник е подобрен со интегрирани LED светилки за магла, три влезови за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб. Предната маска добива и нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја, а GT Line моделите се опремени стандардно со нови LED светла.

Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер. Во зависност од пазарот, купувачите можат да изберат до 15 комбинации на бои за каросеријата. Моделот GT Line ги проширува овие опции дополнително, со нагласување на трите влезови на воздухот на предниот браник што одговараат на бојата на покривот. Сите модели на Stonic GT Line се опремени со 17-инчни алуминиумски тркала.

Поврзано:  Kia пушти тизер за новиот EV6!

Во кабината, најочигледна модификација е контролната табла која е обвиена во материјал со карбонски ефект – завршница уникатна за моделите на GT Line. Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело, понатаму возачите ќе се сретнат и со нов управувач обложен со перфорирана кожа и рамно дно, а тука е новиот 4,2-инчен дигитален дисплеј поставен на инструмент таблата.

Во центарот на контролната табла се наоѓа голем 8 инчен инфо-забавен систем со екран на допир што ја подобрува поврзаноста и контролата на возилото. Новиот инфо-забавен систем се нуди со избор на Display Audio или опционалната Satellite Navigation технологија во зависност од спецификацијата на возилото. Системот им овозможува на корисниците да поврзуваат со два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон додека другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.

Производството на Stonic GT Line започнува со производство во Oктомври, а eвропската продажба започнува во текот на последниот квартал од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.