Ford Fiesta ST Edition нуди поголемо возачко уживање – но во лимитирана серија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Fiesta ST Edition нуди поголемо возачко уживање – но во лимитирана серија!

Ford претстави ограничена серија од спортската изведба на малата Fiesta од која ќе понуди само 500 примероци на eвропскиот пазар, а 300 од нив ќе бидат испорачани во Велика Британија.

Најголемиот новитет е користењето на адаптивна суспензија, која е развиена и тестирана на Нирбургринг од страна на Ford Performance дивизијата. Двонасочниот систем на амортизерите ја намалува висината за 15 милиметри на предната оска и 10 милиметри на задната, а истиот е многу прилагодлив како последица на многубројните нивоа за сетирање на тврдоста, со што е подобрена и респонзивноста при вртење со високи брзини. Најспортското ниво може веднаш да се одбере со само едно копче на воланот.

Силата сеуште доаѓа од 1.5-литарскиот три-цилиндарски турбо-бензинец кој испорачува 200 кс и 290 Nm вртежен момент. Ова на Fiesta ѝ овозможува забрзување од 0-100 км/ч за 6.5 секунди и максимална брзина од 230 км/ч. За полесно постигнување на најдобро стартување малиот спортист е опремен со контрола за лансирање и доаѓа со ESC систем со три нивоа на работа.

Новата Fiesta ST Edition се издвојува од стандардната ST изведба благодарение на специјалната Azura сина боја на каросеријата и контрастните црни детали на горната решетка, рамките на магленките, капаците на страничните ретровизори, задниот спојлер, дифузер и лесните 18-инчни алуминиумски фелни кои се вкупно речиси 8 килограми полесни од сериските.

Во кабината, специјалната верзија доаѓа со карбонски детали на инструмент таблата, декоративни елементи, осветлено старт копче, кожен волан, рачка на менувачот и рачка на рачната кочница обвиени во кожа, сини опшивки и Recaro седишта, појаси и патосници со ST ознаки.

Поврзано:  Ford се согласи дека плановите за целосна електрификација до 2030 се „премногу амбициозни“

На централната конзола е сместен SYNC 3 мултимедијален систем со 8-инчен екран на допир, Apple CarPlay, Android Auto, подлога за безжично полнење и FordPass Connect модел за конектирање со смартфонот.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.