Нарачките за новиот Volkswagen ID.4 ќе бидат отворени веднаш по неговата премиера. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нарачките за новиот Volkswagen ID.4 ќе бидат отворени веднаш по неговата премиера.

Електричниот SUV на Volkswagen ќе биде претставен на 23-ти Септември, а нарачките ќе бидат отворени истиот ден.

Новиот ID.4 е важен модел за Volkswagen, бидејќи токму со него ќе ја започнат електричната офанзива во САД. Според официјалните информации од Volkswagen, нарачките ќе бидат отворени веднаш по официјалнот претставување на 23-ти Септември, а со депозит од само 100 долари, потенцијалните купувачи ќе можат да го резервираат своето место.

Сепак, Volkswagen ID.4 прво ќе пристигне во Европа, а понатаму во Кина и на другите пазари. На самиот старт ќе се нуди со електромотор кој би требало да испорачува околу 200 коњски сили и 300 Nm вртежен момент. Секако, понатаму ќе бидат понудени и други варијанти – како на пример со уште помоќен мотор, или пак погон на сите четири тркала. Во зависност од одбраната конфигурација, ID.4 ќе може да помине до 500 километри со едно полнење.

Пред-производството на ID.4 е веќе започнато во фабриката на Volkswagen во Цвикау, Германија, како и во производствен погон во Кина, а за САД производството ќе биде локално – во фабриката на Volkswagen во Тенеси.

Како што напоменавме, официјалната премиера е закажана за 23-ти Септември.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.