Mercedes-Benz подготвува нов SL! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz подготвува нов SL!

Mercedes-Benz официјално потврди дека работи на нов SL – и објави фотографии од тестирањето на новиот роудстер!

„Следната генерација на легендарниот SL роадстер се враќа кон своите корења, кои потекнуваат од автомобилскиот моторспорт во 1952-рата година. За развојот  и реинтерпретацијата на новиот модел се задолжени инженерите од AMG дивизијата.“ – кажуваат од Mercedes-Benz.

Новиот SL е веќе во фаза на тестирање. По екстензивниот дигитален развој, како и тестирањето во симулатори, новиот спортски автомобил влегува во фаза на динамично тестирање. Тестирањето се одвива во технолошкиот центар на Mercedes-Benz во Имендинген, но и на јавни патишта. Понатаму – како и сите други нови автомобили – новиот SL ќе се доразвива и усовршува во екстремни климатски услови, но и на тркачки патеки ширум светот.

Сега за сега немаме никакви технички податоци околу новиот SL. Се очекува да добие мотори со шест и осум цилиндри, со моќност меѓу 430 и 515 коњски сили, како и неколку AMG варијанти со повеќе од 600 коњски сили, а се шпекулира и за плаг-ин хибридна варијанта која би имала околу 800 коњски сили. Со оглед на тоа дека SL е навистина иконски модел во историјата на Mercedes-Benz, навистина очекуваме да биде технолошко чудо.

Новиот Mercedes-Benz SL се очекува да пристигне на пазарот следната година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.