Погледнете го фантастичното BMW E9 3.0 CS на Роберт Дауни Џуниор! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Погледнете го фантастичното BMW E9 3.0 CS на Роберт Дауни Џуниор!

Железниот Човек има одличен вкус!

Во соработка со Speedkore (со кои веќе направи restomod на Ford Mustang Mach 1 од далечната 1970-та година, како и restomod на Chevrolet Camaro од 1967-мата година кое му го подари на Chris Evans), Robert Downey Jr – односно Iron Man од Marvel филмовите – направи фантастичен рестомод на BMW 3.0 CS од 1974-та година.

Автомобилот е базиран на BMW E9 Coupe, но со сериозни преработи. Каросеријата е изведена од челик (Speedkore обично работи со карбон), но има многу карбонски детали – предните отвори за воздух, задниот браник и уште многу ситници. Црвената боја се истакнува преку контрастните детали, но и сивите HRE три-делни тркала. Автомбилот е поставен на супер-модерна Bilstein суспензија, а добива и модерни Brembo сопирачки. На надворешноста има и неколку несекојдневни детали – како на пример, деталите со текстура на дрво кои се по барање на RDJ, а се наменети да го поврзат екстериерот со внатрешноста.

Внатрешноста добива детали од дрво, но и целосно-уникатно изработен ентериер кој комбинира кожа и текстил. Панелот со инструменти е целосно преработен за да можат да бидат вградени модернизирани инструменти, како и (скриен) мултимедијален систем. Задните седишта се извадени и заменети со панел за багаж, додека во багажникот е поставен ладилник.

Секако, не е заборавено ниту на перформансите – наместо оригиналниот 3-литарски бензинец, под поклопецот се наоѓа линиски бензинец со шест цилиндри кој потекнува од E34 M5. Овој мотор од своите 3.6 литри зафатнина испорачува околу 315 коњски сили, но не би биле изненадени доколку и нему му е посветено малку внимание за да бидат извадени дополнителни перформанси. Силата ја пренесува кон задните тркала преку 4-степен автоматски менувач – но ние најверојатно би ставиле мануелен.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: BMW ја претстави новата Серија 1


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.