Ford и Bosch претставуваат технологија за автоматско паркирање! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford и Bosch претставуваат технологија за автоматско паркирање!

Ford и Bosch соработуваат на технологија за автоматско паркирање на возилата во големи паркинг-структури – и денес можеме да ја видиме технологијата во акција!

Ваквите технологии не се револуционерни, но се импресивни и супер-практични! Замислете да не мора да барате слободно паркинг-место во огромна гаража, туку едноставно да го оставите вашиот автомобил на одредена, веќе-дефинирана точка и тој самиот да се паркира. Ford и Bosch работат на ваков систем, а првиот објект кој ќе го добие е нова паркинг-структура во Детроит.

Новата, паметна паркинг-структура комуницира со автомобилите на Ford (всушност, новата Ford Kuga, односно Escape како што се вика во САД) благодарение на новите, возило-кон-инфраструктура комуникациски технологии. Во гаражата има сензори кои препознаваат возила, пешаци и препреки и соодветно го насочуваат возилото кон слободно паркинг место.

Дополнителна придобивка од ваквите системи е и поефикасното користење на простор. Бидејќи возилата ќе се паркираат самите и нема да има потреба од оставање дополнителен простор за да можат патниците да влезат и да излезат од нивното возило, капацитетот на паркинг-структурите би се зголемил за дури 20%.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.