SEAT ја прави Ibiza уште попривлечна со 150-коњски TSI и DSG менувач! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT ја прави Ibiza уште попривлечна со 150-коњски TSI и DSG менувач!

За да ја направи новата Ibiza уште попривлечна за младите ентузијасти кои уживаат во динамично возење, SEAT одлучи да ја понуди со 1.5-литарски TSI турбо-бензинец со 150 коњски сили и DSG автоматски менувач.

Со оваа комбинација, Ibiza FR станува хот хеч – забрзувањето до 100 километри на час трае само 8.2 секунди, а максималната брзина е 219 километри на час. Добро-познатиот 1.5-литарски TSI турбо-бензинец испорачува 150 коњски сили, како и 250 Nm вртежен момент. Секако, овие перформанси во голем дел се должат и на 7-брзинскиот DSG автоматски менувач со двојна спојка кој помалку или повеќе гарантира дека во сите ситуации ќе ги добиете истите резултати.

Според WLTP мерењата, вака-конфигурираната Ibiza троши меѓу 5.6 и 6.4 литри бензин на 100 изминати километи – а тоа се одлични резултати. Секако, ваквото проширување на понудата е особено важно, бидејќи Ibiza е еден од најважните модели на шпанскиот бренд – од нејзиното лансирање во 1984-тата година, па сè до сега се продадени скоро 6 милиони примероци од Ibiza.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.