full screen background image
Search

Volkswagen го најавува електричниот ID.4

Првиот електричен кросовер на Volkswagen ќе биде поставен на новата платформа наменета токму за ваквите возила и ќе може да помине до 500 километри со едно полнење.

Од Volkswagen кажуваат дека ID.4 ќе биде претставен „во следните неколку седмици“  и објавија неколку интересни графики на кои покажуваат некои детали од електричниот кросовер.

Она кое веќе го знаеме е дека ID.4 ќе биде поставен врз MEB платформата на Volkswagen групацијата која е наменета за електрични возила (и која веќе ја користат ID.3, Skoda Enyaq iV и Cupra El Born).

Сега за сега немаме никакви информации околу погонските конфигурации, но можеме да очекуваме да бидат истите кои се нудат кај ID.3. Тоа значи верзија со погон само на задните тркала, како и неколку различни верзии со погон на сите четири тркала.

Дополнително, можеме да очекуваме неколку различни нивоа на моќност и верзија која ќе може да помине до 500 километри со едно полнење на батериите.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.