full screen background image
Search

Porsche го надгради Taycan со нови технологии; Taycan Turbo S сега е уште побрз!

За следната моделска година, електричниот Porsche Taycan добива нови бои, нови технологии и подобрени перформанси!

Електричниот Taycan е во процес на континуирано подобрување, а пристапот на Porsche е да прави мали, инкрементални подобрувања кои постепено ќе го прават електричниот седан уште попривлечен и помоќен. На пример, Tacyan добива Smartlift функција, која автоматски ќе ја подигнува суспензијата на одредени локации – како на пример онаму каде има „лежечки полицајци“ или пак на коси влезови во гаражи. Практично!

Понатаму, Taycan добива нов хед-ап дисплеј, можности за надградби преку интернет и нарачување нови функционалности директно од Porsche -на пример, можете да нарачате Actrive Lane Keep Assist, или пак Porsche InnoDrive со месечна претплата. Интересен е новиот Intelligent Range Manager систем кој самостојно ги оптимизира параметрите во возењето за да понуди врвен комфор, но и најкраток пат за возење. Power Steering Plus системот во реално време го рекалибрира серво-управувачот за да постигне врвна прецизност.

Дополнително, Taycan добива и нов систем за полнење кој го автоматизира процесот при секое вклучување на полнач и самиот ја завршува процедурата за автентикација и наплата при полнење. Сето ова е со цел да се поедностави и забрза процесот. Taycan добива и Battery Preservation технологија која е наменета да ја зачува батеријата. Оваа фукционалност го ограничува полнењето на максимални 200 kW, со што се задржува долговечноста на батеријата.

Конечно, Taycan сега е достапен во седум нови бои – Frozenberry Metallic, Mahogany Metallic, Cherry Metallic, Chalk, Coffee Beige Metallic, Neptune Blue и Ice Grey Metallic. Достапни се и пет нови опции за ентериерот, како и Carbon Sport Design пакетот.

Поврзано:   Porsche Vision 916 Concept е визија за минималистичко спортско купе

А да, и моќниот Porsche Taycan Turbo S добива надграден Launch Control систем со што забрзувањето од 0 до 200 километри на час трае само 9.6 секунди – подобрување од 0.2 секунди, а четвртина милја се поминува за 10.7 секунди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.