full screen background image
Search

Започнува со работа новото Cammeo Taxi!

Денес и официјално започнува со работа новата, модерна и еколошка такси компанија – КАММЕО такси!

CAMMEO такси е компанија која веќе постои во неколку различни земји, а од денес официјално започнува да работи и во нашиот главен град. Регионалната компанија во моментов има речиси 1500 вработени и околу 1000 автомобили со кои годишно превезува повеќе од 12 милиони патници и поминува приближно 50 милиони километри.

Cammeo користи „чичка-нови“ Dacia Logan MCV возила, а пристапот кон работата е модерен и функционален. Од Cammeo се особено горди дека се вистинско еколошко такси – возилата на Cammeo работат на природен гас – метан – а со тоа значително се намалува емисијата на штетни гасови.

Мора да напоменеме дека покрај конвенционалниот повик по телефон, можете да викнете такси и преку специјалната Cammeo апликација, а преку истата можете бесконтактно да платите со платежна картичка или преку при-пејд систем. Во сите возила има и уреди за плаќање со платежна картичка – потег кој исто така го поздравуваме.

Со цел да го прослават пристигнувањето во Скопје, од Cammeo подаруваат три дена гратис возење до износ до 200 денари. Од денес, па сè до Недела до шест часот наутро, возењето со Cammeo такси до износ од 200 денари е бесплатно – а можете да ги побарате на 15 777.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.