ПРЕМИЕРА: Citroën го претстави новиот C4, како и ëлектричниот ë-C4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Citroën го претстави новиот C4, како и ëлектричниот ë-C4!

Иако официјалната премиера на новиот Citroën C4 е закажана за 30ти Јуни, францускиот бренд денес го покажа својот нов хечбек, како и неговата ëлектрична верзија!

По успешната офанзива со C3 Aircross (300.000 продадени примероци) C5 Aircross (200.000 продадени примероц), Citroën е подготвен за следната фаза од својата стратегија, која цврсто се фокусира на хечбек моделите. Компактните хечбек модели се навистина популарни на пазарот во Европа – дури 28% од продажбата во Ц-сегментот отпаѓа на овие модели, а токму новите C4 и ë-C4 би требало да си задоволат сите потреби на овој сегмент. Според Citroën, тие ќе ги исполнат сите очекувања, а ќе понудат модерен и препознатлив концепт.

Новиот компактен хечбек на Citroën може да биде 100% електричен, или пак придвижуван од бензински или дизел мотор. Купувачите едноставно треба да одберат верзија која им одговара и која најдобро ќе ги задоволи нивните потребои. Новиот ë-C4 е 100% ëлектричен и е петтиот електрифициран модел кој е дел од стратегијата на францускиот бренд – по C5 Aircross Hybrid, минијатурниот Ami, како и e-Jumpy и e-SpaceTourer.

Инаку, новиот модел е нов дизајнерски концепт кој е во срцето на сегментот – со уникатен и храбар идентитет. Благодарение на високиот и самоуверен став, формата комбинира елеганција и динамичност, со суптилни SUV детали за дополнителна сила. Аеродинамичноста има главен збор, а топлата и хај-тек кабина ги истакнува комфорот, добросостојбата и модерниот пристап кон нештата. Кабината е темелно модернизирана, со чисти и остри форми и квалитетни материјали – препознаваме дигитални инструменти пред возачот, како и централно-поставен мултимедијален уред. Под мултимедијалниот уред се поставени контролите за клима уредот, а меѓу возачкото и совозачкото седиште е поставена рачката од менувачот.

Секако, новите C4 и ë-C4 ги добиваат сите технологии од Citroën Advanced Comfort програмата – прогресивните хидрауилични перничиња, како и Advanced Comfort седиштата.  Сепак, Citroen оди чекој понатаму со новите модели, па сакаат да понудат и комфор на умот, односно опуштена и пријатна атмосфера благодарение на смирениот и светол дизајн на кабината, како и придобивките од технологиите за асистенција.

Поврзано:  ВОЗЕВМЕ: Зад управувачот на новите Citroën C3 и ë-C3 - Француска револуција!

Новите C4 и ë-C4 ќе бидат официјално претставени на 30ти Јуни, и тогаш ќе ги имаме сите детали.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.