Citroën ја започнува електричната офанзива со новиот C5 Aircross Hybrid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën ја започнува електричната офанзива со новиот C5 Aircross Hybrid

Плаг-ин хибридниот C5 Aircross ветува автономија од 50 километри на електрична енергија и екстремно ниска потрошувачка на бензин од само 1.7 литри на 100 изминати километри!

Citroën C5 Aircross е веќе еден од најинтересните вакви возила кои се нудат на пазарот – одлуката на Citroën да се концентрира на комфорот наместо да „брка“ некакви спортски амбиции се покажува како успешна, бидејќи купувачите на ваквите возила всушност сакаат да уживаат во опуштеното возење. Сега, Citroën оди чекор понатаму и го лансира плаг-ин хибридниот C5 Aircross Hybrid.

Новиот Citroën C5 Aircross Hybrid комбинира 180-коњски PureTech турбо-бензинец со електромотор кој испорачува 80 kW (односно околу 110 коњски сили) за вкупна системска моќност од 225 коњски сили и одлични 320 Nm вртежен момент. Батеријата која е со капацитет од 13.2 kWh овозможува да поминете до 50 километри на електрична енергија, а потрошувачката е екстремно ниска – според WLTP емисијата на штетни гасови е само 39 грама CO2 на изминат километар, додека истовремено ќе потрошите само 1.7 литри бензин на 100 изминати километри.

Системот овозможува да возите до 135 километри на час само на електрична енергија. Дополнително, доколку дома вградите полнач со капацитет од 7.4 kW, тогаш  батеријата ќе можете да ја наполните за нешто помалку од два часа.

Батеријата (која патем има гаранција дека 8 години или 160.000 километри ќе задржи најмалку 70% од капацитетот) е поставена под трите модуларни, лизгачки задни седишта, па багажниот простор не е премногу нарушен – односно, ќе имате меѓу 460 и 600 литри капацитет во багажникот, во зависност од поставеноста на задните седишта. Продажбата е веќе започната, а првите примероци ќе бидат испроачани кај купувачите на почетокот на следната година.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: SM Tribute во чест на 10 години DS Automobiles

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.