full screen background image
Search

Македонско деби на Skoda Kamiq!

Новиот компактен кросовер на Skoda вчера беше претставен и во Македонија, како дел од Чешките Денови.

Kamiq е најновиот и најмал член на SUV-гамата на чешкиот производител. Новиот урбан SUV ги следи дизајнерските насоки на големите Kodiaq и Karoq, но ги пренесува во покомпактно издание.

Како што и можеме да очекуваме од Skoda, Kamiq ветува дека ќе биде еден од најпрактичните и најпросторните модели во сегментот – а тоа се должи на MQB платформата и должината од 4241 милиметар. Понудата на мотори започнува со 1-литарскиот TSI со 95 коњски сили. Над него е 1-литарскиот TSI со 115 коњски сили, а на врв на бензинската понуда е 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили, 250 Nm вртежен момент и ACT систем за деактивација на цилиндрите.

Доколку сакате турбодизел, во понудата ќе го најдете 1.6-литарскиот TDI со 115 коњски сили и 250 Nm. Во зависност од моторот кој ќе го одберете, ќе можете да одберете и меѓу мануелен менувач со 5 или 6 брзини, или пак 7-брзински DSG автоматски менувач.

Kamiq наскоро ќе може да се погледне во салонот на Skoda во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.