full screen background image
Search

Пристигна и освежениот Toyota C-HR

Во салонот на Toyota пристигна освежениот, компактен хибриден SUV – одличниот C-HR!

Toyota неодамна го освежи супер-популарниот C-HR. Меѓу другото, освежениот C-HR добива грст визуелни измени – редизајнирани предни и задни браници, освежени светлосни групи, нови опции за фелни, како и нови бои. Но можеби најважниот новитет е можноста да се нарача C-HR со 2-литарскиот хибриден погон кој е достапен кај Corolla, кој испорачува 184 коњски сили.

Новиот погон ја носи ознаката Hybrid Dynamic Force и комбинира супер-ефикасен 2-литарски бензинец и електромотор за вкупна системска моќност од 184 коњски сили. Овој погон добива и ревидиран CVT менувач за подинамично возење.

Освежување добива и ентериерот, каде главниот збор го има новиот мултимедијален уред кој овозможува Android Auto и Apple CarPlay поврзување. Инженерите на Toyota кажуваат дека C-HR добива и подобрена звучна изолација. Цените започнуваат од 23.490 Евра за C-HR во комбинација со 1.8-литарскиот хибрид во основното ниво на опрема наречено Center. Второто, повисоко ниво на опрема чини 25.790 Евра.

Доколку сакате да го добиете 2-литарскиот хибрид со 184 коњски сили, цените започнуваат од 27.790 Евра, а помоќниот мотор е достапен само со повисоките нивоа на опрема – Club и Cult.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.