full screen background image
Search

Toyotа го претстави Supra Heritage Edition Concept на Sema

Toyotа претстави посебна изведба од новата Supra, со која оддава почит кон претходната четврта генерација.

Heritage Edition се разликува од стандардниот модел по значително поагресивниот екстериер, добиен со нов бодикит и изменети светлосни групи. Бодикитот вклучува редизајнирани браници и странични прагови со интегрирани карбонски спојлери и дифузер. Дизајнот на задниот спојлер е целосно инспириран од споjлерот на претходната Supra.

Задните светла го добиваат класичниот дизајн со четири кружни елементи по страна и го прават новиот модел поблизок до легендарната четврта генерација. Автомобилот е поставен на поспортски 19-инчни HRE алуминиумски фелни, обвиени во Toyo Proxes R888R пневматици и „лежи“ поблиску до подлогата благодарение на прилагодливи TEIN амортизери.

Под поклопецот, 3.0-литарскиот турбо бензинец со шест цилиндри поставени во ред е засилен на 500 кс. Ова зголемување е добиено со инсталирање на нов систем за довод на воздух кон моторот, издувен систем со три инчен дијаметар и Mission Performance компјутерска единица.

Heritage Edition е еден од многубројните концепти кои се изложени оваа година на SEMA базирани на Toyota Supra.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.