full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поскапуваат половина, односно еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, малку повисоки цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.93%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемуваз а 1.00 денари, и од вечерва на полноќ еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.50 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по 0.50 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.50 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.