full screen background image
Search

Регулаторна: Цените на горивата се зголемуваат за денар, односно за денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите – нијанса повисоки – цени на горивата.

РКЕ пред само неколку моменти ги објави новите цени на горивата.

Во согласност со цените на горивата на светските берзи, како и методологијата која се користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат за 3.23%.

Преведено во цени, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 1.00 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 58.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 1.50 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 60.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.00 денари и еден литар дизел ќе чини 50.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.