Официјално деби на Fiat 500e во специјалната La Prima изведба – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално деби на Fiat 500e во специјалната La Prima изведба

Новиот, електричен Fiat 500e дебитираше во кабриолет изведба, а сега Fiat ја претстави и верзијата со тврд покрив – повторно во специјалната La Prima изведба.

Специјалната La Prima изведба добива панорамски стаклен кров и ќе биде достапна во три ексклузивни бои – Ocean Green, Mineral Grey и трослојната Celestial Blue. Дополнително, купувачите ќе добијат и LED предни светла, уникатни 17-инчни тркала, хромирани детали и ентериер обвиен во еко-кожа.

Инаку, електричниот Fiat 500e користи батериски модул со капацитет од 42 kWh и електромотор кој испорачува 115 коњски сили. Според WLTP мерењата, урбаниот електричен шармер ќе може да помине до 320 километри со едно полнење, а официјалните податоци зборуваат за забрзување до 50 километри на час за 3.1 секунда, до 100 километри на час за рамно 9 секунди и максимална брзина од 150 километри на час.

Fiat 500e добива и брз систем за полнење со моќност од 85 kW, па доколку имате пристап до соодветно брз полнач, 80% од батеријата можат да бидат наполнети за 35 минути. Дополнително, Fiat ќе понуди и две опции за домашно полнење – едната со моќност од 3 kW, како и побрза верзија со моќност од 7.4 kW која ќе може да го наполни 500e за само шест часа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.