Volkswagen ги најавува освежениот Arteon и новиот Arteon Shooting Brake – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen ги најавува освежениот Arteon и новиот Arteon Shooting Brake

Volkswagen се подготвува да го претстави освежениот Arteon – а со него ќе ја претстави и новата Shooting Brake изведба.

Од Volkswagen кажуваат дека Arteon е нивниот Gran Turismo – авангарден, енергетичен и ефикасен. Премиерата на освежениот Arteon, како и неговата Shooting Brake изведба е закажана за крајот на овој месец, но Volkswagen веќе објави официјални скици и неколку податоци околу автомобилите.

Најавено е дека освежувањето ќе биде значително, особено во однос на технологиите кои се нудат. Кабината ќе добие целосно нова околина, за да биде во согласност со харзимата на овие модели. Интегриран ќе биде новиот Modular Infotainment Matrix (MIB3) систем за да се понуди исклучителна поврзливост. Најавени се и освежувања кај погонските единици, како и нови, интелигентни системи за асистенција. Најавен е надграден Travel Assist систем за асистенција кој ќе функционира при брзини до 210 километри на час, а е наменет за далечни патувања. Овој систем ќе може да го преземе управувањето, забрзувањето и сопирањето.

Инаку, во однос на Arteon Shooting Brake, од Volkswagen кажуваат дека токму со него „е постигнат нов баланс меѓу брзината, моќта и просторната понуда.“ Со освежувањето, се очекува да дебитира и врвната изведба која ќе биде во форма на Arteon R, и кој се очекува да има повеќе од 300 коњски сили. Премиерата е закажана за 24ти Јуни.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.