Fiat Panda и Fiat 500 добиваат специјален D-Fence пакет за активно дезинфицирање на автомобилот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat Panda и Fiat 500 добиваат специјален D-Fence пакет за активно дезинфицирање на автомобилот

Иновативниот систем развиен од Mopar дивизијата комбинира напреден филтер и прочистувач за воздух, како и ултравиолетово светло.

Системот развиен од Mopar дивизијата на FCA е директен одговор на Ковид-19 пандемијата и негова задача е дополнително активно да го дезинфицира автомобилот – и тоа да го направи на еколошки и безбеден начин.

D-Fence пакетот всушност вклучува филтер за воздух со напредни перформанси, како и прочистувач на воздухот – за воздухот кој влегува во кабината да биде што е можно почист. Дополнително, кабината добива специјално, ултравиолотеово светло чија задача е да ги дезинфицира оние површини кои најчесто ги допираме – управувачот, рачката од менувачот и седиштата. Ултравиолетовото светло убива 99.9% од сите бактерии и иако не е докажано дека го уништува SARS-CoV-2, сепак е докажано дека уништува слични вируси, каков што е вирусот кој ја предизвика SARS кризата во 2003.

Инаку, D-Fence пакетот е достапен кај хибридните верзии на Fiat 500 и Fiat Panda. Токму хибридниот Fiat 500 неодамна пристигна и кај нас.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.