Lexus го најавува новиот IS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus го најавува новиот IS!

Луксузниот бренд во рамките на Toyota ја најавува новата, четврта генерација на својот седан – несекојдневниот IS.

Верувале или не, сегашниот Lexus IS е на пазарот повеќе од седум години – ние нашиот тест на IS300h сме го објавиле во Февруари 2014! Сега, Lexus ја најавува најновата, четврта генерација на својот најмал седан.

Сега за сега немаме ама баш никакви детали околу новиот седан. Од Lexus кажуваат дека новиот IS е „облечен за да возбуди“ и дека ќе биде претставен на 9ти Јуни. Сепак, можеме да претпоставиме дека (барем во Европа), Lexus ќе го комбинира новиот IS со напреден хибриден погон – најверојатно новиот хибриден погон кој се вградува во поголемиот ES (нашиот тест можете да го прочитате тука). Секако, можеме да очекуваме и супер-луксузна кабина обвиена во најквалитетните материјали – бидејќи едноставнo, Lexus прави навистина одлични ентериери.

Останува да бидеме трпеливи уште една седмица – и да го видиме новиот Lexus IS!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.