BMW ја освежи и големата Серија 6 Gran Turismo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW ја освежи и големата Серија 6 Gran Turismo

Серијата 6 Gran Turismo е еден од најнесекојдневните модели на BMW – но сепак се покажува како интересен за купувачите благодарение на одличните возни својства, импресивната просторна понуда и високите технологии.

Многу кажува за Серијата 6 Gran Turosmo дека ќе се произведува во фабриката на BMW во Dingolfing, покрај знаменосците од Сериите 7 и 8. Освежената „Шестка“ GT добива затегнат преден дел, LED предни светла кои ќе бидат дел од стандардната опрема, нови дневни светла и уште неколку други ситници – всушност, ги добива скоро истите освежувања кои ги добива Серијата 5, за која веќе пишувавме.

Кабината добива два дигитални дисплеи со дијагонала од 12.3 инчи – едниот пред возачот, а другиот на централната конзола, наменет за iDrive системот. Меѓу другото, ќе можете да нарачате и Bowers & Wilkins Diamond Surround премиум аудио уред со 16 звучници.

Исто како и освежената Серија 5, освежената Серија 6 GT добива 48-волтни лајт-хибридни технологии. Понудата ја сочинуваат бензините 630i и 640i Gran Turismo, како и дизелите 620d, 630d и 640d Gran Turismo. Во зависност од одбраниот мотор, ќе може да се добие со погон на задните, или xDrive погон на сите четири тркала.

Најбрз модел во понудата е 640d Gran Turismo кој добива 3-литарски турбодизел кој испорачува 340 коњски сили и 700 Nm вртежен момент, кои пак му овозможуваат на големиот автомобил да забрза до 100 километри на час за само 5.3 секунди и да постигне максимална брзина од 250 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.