full screen background image
Search

Mercedes-Benz официјално ја најавува новата S-Class!

Извршниот директор на Daimler – Ola Källenius – во интервју ја најави најновата генерација на германскиот знаменосец – и автомобилот кој веќе со години поставува стандарди кога станува збор за луксузот.

Ola Källenius изјави дека новиот автомобил ќе биде вистинско технолошко чудо. Тој веќе имал можност да вози пред-продукциски примерок на германскиот аутобан и е импресиониран од рафинираноста на големиот луксузен седан. Иако признава дека претходникот постави високи стандарди, сепак новиот автомобил ќе биде нешто навистина посебно.

Од она кое можеме да го видиме, препознаваме интересно редизајниран преден дел кој ја задржува елеганцијата по која S-Class е позната. Ola Källenius дополнително потврди дека автомобилот ќе биде претставен во втората половина од оваа година, но и дека електричната изведба ќе пристигне веќе во 2021 под ознаката EQS.

Секако, новиот знаменосец на Mercedes-Benz ќе се нуди со очекуваните турбо-бензински и турбодизел мотори, а неизбежни се и врвните AMG изведби кои ќе имаат многу, многу коњски сили и повторно ќе наметнат правила и во тој сегмент, каде ќе се борат со Серијата 7 на BMW и Audi A8.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.