full screen background image
Search

SsangYong го претстави Tivoli со нов, 1.2-литарски турбо-бензинец!

Новиот турбо-бензинец кој ќе се вградува во SsangYong Tivoli испорачува 128 коњски сили и ќе се комбинира со мануелен менувач.

Корејскиот експерт за SUV возила го претстави Tivoli со 1.2-литарски турбо-бензинец наменет за европскиот пазар. Онлајн презентацијата беше организирана поради ситуацијата со Ковид-19, а од SsangYong кажуваат дека новата конфигурација ќе биде достапна на сите пазари каде брендот работи, веднаш штом ќе се создадат услови за тоа.

SsangYong го претстави Tivoli G1.2T на својот YouTube канал, а презентацијата воедно за брендот беше првиот настан пренесуван во живо преку интернет. Новиот мотор е особено важен бидејќи очекувањата се дека ќе го направи Tivoli поинтересен за европските купувачи. Новиот, модерен турбо-бензинец ги исполнува Euro6d-2 нормите за емисија на штетни гасови а воедно нуди и подобрена економичност.

Турбо-бензинецот испорачува 128 коњски сили при 5000 вртежи во минута и 230 Nm вртежен момент од 1750 до 3500 вртежи во минута. Од SsangYong кажуваат дека во комбинација со 6-брзинскиот мануелен менувач, моторот ќе обезбеди стабилни и спортски возни перформанси. Според Brandon Yea – главниот извршен директор на SsangYong Motor – лансирањето на 1.2-литарскиот турбо-бензинец е директен одговор на барањата на европските купувачи за помал бензински мотор, и не е замена за ниту еден постоечки мотор, туку дополнување на гамата која веќе вклучува 1.5-литарски турбо-бензинец и 1.6-литарски турбодизел.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.