Во понеделник ќе започне да се произведува освежениот Hyundai i30 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во понеделник ќе започне да се произведува освежениот Hyundai i30

Hyundai неодамна го освежи i30 – и на 25ти Мај ќе започне да се произведува фејслифтираниот хечбек во фабриката во Чешка.

Ова е интересен и емотивен ден за фабриката на Hyundai во Ношовице, Чешка, бидејќи токму првиот автомобил кој таму беше произведен во 2008, беше примерок од првата генерација на популарниот хечбек. Не само тоа, туку i30 беше и првиот автомобил на брендот кој го носеше префиксот i и беше навистина успешен ширум Европа – Hyundai успеа да продаде повеќе од еден милион примероци.

„Токму i30 е еден од најпопуларните модели на Hyundai во Европа. Тој навистина е направен во Европа за Европа – од дизајнот, до развојот, па сè до финалното производство.“ – изјави Andreas-Christoph Hoffman, заменик претседател одговорен за маркетинг и продукти во Hyundai Motor Europe, и додаде – „Најновиот модел воведува низа подобрувања кои го прават уште попривлечен за купувачите кои бараат модерен, безбеден и доверлив автомобил од Ц-сегментот.“

Како што веќе објавивме, Hyundai неодамна го освежи i3o во сите негови изведби, кои добиваат затегнат дизајн, нови технологии, нови бои, но и нови погонски единици. Достапни се неколку различни бензински и дизел мотори, како и лајт-хибридна изведба, а во зависност од моторот кој ќе го одберете, ќе можете да одберете меѓу мануелен или автоматски DCT менувач со двојна спојка.

Фабриката на Hyundai во Чешка започна со работа во Ноември 2008 и во моментов во неа се вработени 3300 луѓе. Фабриката може да произведе до 1500 возила на ден, односно повеќе од 300.000 возила на годишно ниво. Минатата година во фабриката беше произведен три-милионитиот автомобил – примерок од Hyundai i30 N, а неодамна беше произведен и милионитиот Tucson. Автомобилите кои се произведуваат во оваа фабрика се извезуваат во преку 70 земји на пет различни континенти.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.