full screen background image
Search

ABT Sportsline му посвети малку внимание на новиот RS Q3 Sportback

Ако 400 коњски сили и 480 Nm вртежен момент не се доволни, тјунерите од ABT Sportsline се тука за да ослободат уште повеќе моќ од новиот RS Q3 Sportback.

Со рекалибрирање на компјутерската едицина на моторот на новиот RS Q3 Sportback, сега 2.5-литарскиот 5-цилиндерски турбо-бензинец испорачува 440 коњски сили и 520 Nm вртежен момент – кои ги испорачува кон асфалтот преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка и Quattro погон на сите четири тркала.

Со рекалибрираниот мотор, RS Q3 Sportback забрзува до 100 километри на час за 4.3 секунди и постигнува максимална брзина од 285 километри на час – подобрување од 0.2 секунди, односно дури 35 километри на час.

Сега за сега – нема екстремен ABT бодикит – но можете да добиете големи, 20-инчни тркала и уште неколку ситни ABT детали, а од ABT најавуваат дека за во иднина подготвуваат уште поекстремна верзија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.