full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW Alpina D3 S е врвен дизелски крстосувач со 355 коњски сили!

Добро-познатите тјунери на моделите на BMW ја претставија својата визија за врвна дизелска Серија 3 во која чука срце со 355 коњски сили!

Инженерите од Alpinа не претерале со модификациите – доработениот 3-литарски турбодизел испорачува 355 коњски сили при 4000 вртежи во минута – тоа е само 15 коњски сили повеќе од стандардниот модел, но затоа испорачува импресивни 730 Nm вртежен момент меѓу 1750 и 2750 вртежи во минута. Сепак, магијата е во респонзивноста на моторот – од Alpina ветуваат одлична реакција на секое притискање на педалата за гас, дури и на ниски вртежи.

Инаку, внимание е посветено и на xDrive погонот на сите четири тркала, како и на ZF автоматскиот менувач со 8 брзини, а за прв пат модел на Alpina доаѓа со лајт-хибрид технологии, кои овозможуваат дополнителни 11 коњски сили на пониски брзини, со што се подобрува ефикасноста. Резултат на сето ова е катапултурање до 100 километри на час за 4.6 секунди (односно 4.8 секунди кај Touring верзијата), како и максимална брзина од 273 километри на час.

Повеќе од задоволителни перформанси, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.